BMW X4- нема да добие наследник

Претставниците на BMW потврдија за Motor1 дека моделот X4 нема да „доживее “ уште една генерација…

Од BMW објаснуваат дека нема место во составот за X4 сега кога X2 порасна.

Разликата во цената меѓу двете е значително намалена, така што нема смисла да се задржат и двете единици од гамата на баварскиот производител на премиум возила во понудата на Х – линијата.

Германците не прецизираат кога имаат намера да го прекинат производството на X4. Со испораките на новиот X3 кои започнуваат на крајот на оваа 2024 година, тоа сугерира дека дериватот во стилот на Coupе нема да остане уште долго време на автомобилската сцена.

Малку е веројатно, по се изгледа, дека моделот ќе живее по моделска 2025 година.

Сепак, може да има индиректен наследник. Некои медиуми јавуваат дека целосно електричниот iX4 треба да пристигне некаде околу 2027 година на платформата Neue Klasse.

Од BMW претходно најавија дека ќе лансираат најмалку шест електрични возила до 2028 година.

Па така, моделот на струја iX4 би можел да биде еден од нив, покрај веќе потврдениот crossover модел iX3, кој доаѓа во 2025 година и седанот i3 што треба да пристигне во 2026 година.

 





НАЈНОВИ