Bugatti Tourbillon

Вечерва Bugatti официјално го откри својот нов хипер автомобил Tourbillion, кој го заменува Chiron, а серијата е ограничена на само 250 примероци…

Tourbillon е помоќен и многу побрз од Chiron и чини 3,8 милиони евра без данокот и останатите давачки.

Иако новиот модел сè уште има мотор со внатрешно согорување, тој не е W16. Моторот Quad-turbo W16 – вистински монструм со работен волумен од 8,0 литри се пензионира и се заменува со 8,3-литарски V16 како дел од хибриден погонски систем со три електрични мотори.

„Со секоја генерација на својот хипер спортски автомобил, Bugatti ги издигна стандардите за дизајн, инженерство, перформанси и изработка на нови височини“, се вели во соопштението.

„И оваа година, осум години од лансирањето на Chiron,  експертите од Bugatti му ја покажуваат на светот првата страница од најновото поглавје во својата богата историја.

„Модерната линија на Bugatti ја поздравува својата најнова еволуција; нов автомобилски белег со V16 хибриден погон во неговото срце“.

Претходно, извршниот директор на Bugatti-Rimac, Мате Римац, изјави дека ќе бидеме „воодушевени“ од новиот модел.

Тој понатаму спомена дека новиот модел ќе добие „високо електрифициран“ погонски агрегат базиран на „многу атрактивен мотор со внатрешно согорување“.

Пред сè – хибридниот погонски систем има комбинирана моќност од 1800 КС. Самиот 8,3-литарски атмосферски V16 мотор има 1000 КС, а со помош на електромоторот на возачот му се достапни горе споменатите 1800 КС.

Тука треба да се каже и дека Tourbillon може да помине 60 километри само на струја (батериите се 25 kWh), а менувачот е осум (8)-степен со двојна спојка.

Според официјалните податоци на Bugatti, Tourbillon е за 0,4 секунди побрз во забрзувањето од 0, до 100 km/h од оригиналниот Chiron, бидејќи таа брзина ја достигнува за точно две секунди.

Понатаму, Tourbillon достигнува 200 km/h за помалку од 5 секунди, 300 km/h за помалку од 10 секунди и 400 km/h за помалку од 25 секунди.

Максималната брзина на Tourbillon изнесува 445 km/h.

Тие огромни брзини се прикажани на неверојатна низа мерачи, а најважните моменти ги вклучуваат копчето на конзолата што се користи за стартување на Tourbillon, електрично прилагодливите педали (седиштата се фиксирани) како и воланот со две краци позиционирани на 6 и 12 часа.

Иако дизајнот е еволуција на Chiron, Bugatti тврди дека шасијата и структурата на каросеријата на Tourbillon се сосема нови.

Благодарение на употребата на јаглеродни влакна и алуминиум, Tourbillon тежи 1.995 kg., исто како Chiron и покрај неговата додадена хибридна технологија.

Што се однесува до димензиите, овој хипер автомобил е долг 4671 mm, широк 2051 mm, висок 1189 mm и има растојание помеѓу оските од 2740 mm.

Како што веќе споменавме, производството е ограничено на 250 единици, а првите клиенти треба да ги добијат своите автомобили во 2026 година.





НАЈНОВИ