Euro NCAP 2026: Škoda Peaq е најдобар, девет модели добија пет ѕвезди

5

Euro NCAP ги објави резултатите од најновото тестирање на безбедноста на автомобилите за 2026 година, при што девет модели ја добија максималната оценка од пет ѕвезди. Најдобар резултат во оваа група оствари Škoda Peaq, која се издвојува по високото ниво на заштита и резултатите во различните категории на безбедност.

Тестирањата опфаќаат заштита на возрасните патници, деца, ранливите учесници во сообраќајот, како и системите за активна безбедност кои треба да спречат или да ублажат сообраќајни несреќи.

Девет SUV-модели со максимални пет ѕвезди

Покрај Škoda Peaq, максимална оценка добија и Mercedes-Benz GLE, BMW X5, GWM ORA 5, GWM H7, Kia Seltos, Lepas L4, Lepas L6 и Lepas L8 PHEV.

Резултатите покажуваат дека Škoda Peaq е најсилна во заштитата при судир, додека Mercedes-Benz GLE оствари најдобри резултати во активната безбедност и избегнувањето сообраќајни незгоди. BMW X5, пак, се истакна во препознавањето на ограничувањата на брзината, со точна идентификација во 91 процент од тестирањата, што опфаќало 97 проценти од поминатото растојание.

Nissan Leaf остана на четири ѕвезди

Единствениот модел од оваа група што не ја доби максималната оценка е Nissan Leaf, кој тестирањето го заврши со четири ѕвезди. Послабите резултати се поврзани, меѓу другото, со системите за избегнување судир во ситуации со попречен сообраќај и недостигот од централно воздушно перниче како стандардна опрема.

Новото тестирање на Euro NCAP покажува дека високата безбедност не зависи само од цврстината на каросеријата и воздушните перничиња, туку и од електронските системи кои можат да препознаат опасност и да реагираат пред да дојде до судир.