Exeed Terra ET

Кинескиот Exeed (дел од компанијата Chery) ја проширува гамата на својата линија електрични модели Sterra, кои го користат името Exlantix за извозните пазари…

По електричниот седан Sterra ES, за кој нарачките во Кина започнаа во декември 2023 година, сега пристигнува и електричниот crossover модел Sterra ET.

Двата електрични автомобили Exeed се изградени на новата платформа E0X со воздушна суспензија. Должината на новиот crossover е 4955 mm, ширина 1975 mm, висина 1698 mm, а растојанието помеѓу оските  изнесува рамно 3000 mm. Тркалата се со големини од 19, 20 и од 21 инчи.

Внатрешноста има волан со два краци, посебни екрани за таблата со инструменти и мултимедијален систем, а има место и за пет патници.

Sterra ET ќе се нуди во верзии со електричен систем од 400 или 800 волти, како и со погон на задните или на сите тркала.

Во првиот случај, Sterra ET ќе има електромотор со моќност до 313 КС, а во верзијата со два мотори повеќе од 500 КС.

Во зависност од верзијата, возилото е опремено со батерии од 66 kWh, 82 kWh или 98 kWh.

Во Кина продажбата ќе започне пред крајот на првиот квартал од оваа 2024 година, но цената се уште не е објавена.

 





НАЈНОВИ