Компанијата Stellantis го повлекува од пазарот на Србија патничкиот автомобил FIAT 600, произведен во периодот 2024–2025 година, откако беше утврден можен безбедносен ризик. Проблемот е забележан на цевката за гориво под висок притисок, каде може да дојде до истекување на гориво поради олабавување на навртките што ја поврзуваат пумпата со „рејл“ системот.
Овој дефект може да предизвика зголемена потрошувачка на гориво, а во екстремни случаи и пожар во моторниот простор, соопшти компанијата.
Оповикувањето на возилата е означено со интерната шифра F51L, а сопствениците се повикани да се обратат во овластените FIAT сервиси за проверка и интервенција. Според соопштението, не е потребна замена на делови, туку се врши контрола и дополнително зацврстување на споевите според техничките инструкции на производителот.
На возачите им се препорачува да проверат дали нивното возило е опфатено со акцијата за повлекување, со цел да се избегнат можни ризици во сообраќајот.