Ford E-Transit Courier

По лансирањето на целосно новото компактно комбе Transit Courier претходно во 2024 година, Ford Pro објави дека електричниот E-Transit Courier сега е достапен за нарачка…

За разлика од European Explorer EV, кој ја позајмува својата платформа и погонска група од ID.4 на Volkswagen, овој E-Transit Courier се базира на сопствената EV архитектура на Ford, истата архитектура брендот со син овал во логото, како што наведуваат од самата компанија, ќе ја користи за идната електрична Puma.

Во секој случај, Ford E-Transit Courier зазема сериозен став и е значително отстапување од претходните дизајни на марката.

Вкупната должина е зголемена за 118 mm на 4278 mm и што е уште поважно, површината на товарниот простор е зголемена.

Должината на нивото на подот сега подолга и изнесува 1803 mm, наместо 1621 mm.

Вкупниот волумен е 2,9 кубни метри, што е зголемување за 25 отсто во однос на моделот во заминување, додека пак, максималната носивост е 700 килограми.

E-Transit Courier има единечен електричен мотор со моќ од 100 kW/136 КС што ги придвижува предните тркала, додека максималната брзина е ограничена на 145 km/h.

Погонската група на E-Transit може да се конфигурира за возење со една педала, а корисниците исто така можат да закажуваат полнење на батеријата преку паметниот 12,0-инчен екран на допир за информативно забавниот систем Sync 4, кој во Ford го резервира за електричните верзии на новиот Courier.

Со капацитет на моќ на батерија од 43 kWh, електричното комбе нуди досег до 300 km, а полнењето на истата, со ниво на полност од 10-80 проценти, како што е наведено од производителот, трае околу 23 минути и тоа со стандарден полнач DC од 100 kW.

Производството на возилото се планира да започне кон крајот на тековната 2024 година.

Додека пак со испорака до купувачите ќе стартува некаде на почетокот на претстојната 2025 година.





НАЈНОВИ