BYD го претстави новиот Atto 2 DM-i: хибриден SUV со домет до 1.000 km

Kинескиот производител BYD продолжува агресивно да настапува на европскиот пазар и го претстави својот нов адут – BYD Atto 2 DM-i, компактен plug-in хибриден SUV со т.н. „Super Hybrid“ технологија, чија цел е значително да ја намали потрошувачката.

Станува збор за модел кој го комбинира чувството на возење електричен автомобил со сигурноста на бензински мотор, па Atto 2 DM-i се наметнува како идеален чекор кон целосна електрификација. Означувањето DM-i („Dual Mode – intelligent“) е резервирано за PHEV-моделите на BYD.

По успехот на SEAL U DM-i, истата технологија се префрла и во Atto 2, кој нуди комбиниран домет до околу 1.000 километри. Така овој SUV станува особено привлечен за возачи што сакаат електричен карактер, но без страв од празна батерија.

Моделот ќе се нуди во **две изведби**:

* **Active** – користи батерија о qд **7,8 kWh**, комбинирана моќност од **166 КС**, електричен домет до **40 km** и WLTP-комбиниран домет од околу **930 km**.

– Boost – добива поголема батерија од 18 kWh, моќност од 212 КС, забрзување 0–100 km/h за 7,5 секунди и до 90 km чисто електрично** возење. Оваа верзија има и побрз AC-полнaч од 6,6 kW, па полнењето дома трае околу три часа.

Иако е компактен, Atto 2 DM-i нуди солиден простор во кабината. Долг е **4.330 мм**, широк **1.830 мм**, висок **1.675 мм**, а меѓуоскиното растојание изнесува **2.620 мм. Дизајнот е модерен, со LED фарови и тенки дневни светла, остро исцртан преден браник и визуелно „лебдечки“ покрив.

Задниот дел се издвојува со впечатлив светлосен потпис – задните светла инспирирани од кинескиот јазол и бројот 8, симбол на среќа, поврзани со широка светлосна лента. Спојлерот и релјефниот браник додаваат спортски карактер, а поголемата маска и изменетите детали го разликуваат овој DM-i од целосно електричната верзија на Atto 2.

BYD направи и неколку стилски измени – отстранети се страничните отвори на предните крила, а ознаките на задниот дел се редизајнирани, со цел автомобилот да добие почист и помодерен изглед.

Со оваа комбинација на голем домет, ниска потрошувачка и современ дизајн, BYD Atto 2 DM-i е насочен кон купувачи кои сакаат електричен SUV, но сè уште не се подготвени целосно да се откажат од класичниот погон.

 

НАЈНОВИ