Германската полиција го отстрани од сообраќај VW Passat

Причина за овој потег на органите на безбедноста, редот и мирот е низа на  импровизации направени на возилото…

Во германскиот град Кајзерслаутерн полицијата имала полни раце работа обидувајќи се да дешифрира што сакал да постигне младиот возач (24) со модификациите на неговиот Volkswagen Passat.

На хаубата и покривот на возилото беа поставени соларни ќелии. Забележано е и насочување на кабелот од хаубата преку А-столбот до носачот  на товарната кутија на покривот, а каблите се прицврстени со селотејп и вратоврски.

Покрај тоа, LED лентата на капакот на моторот е исто така поврзана со напојувањето.

Над хаубата на возилото има нешто што наликува на држач за паметен телефон, ја пренесуваат оваа; во најмала рака, чудна информација, специјализираните портали.

Одиме понатаму, до покривната кутија е монтирана дрвена табла која изгледа како полица.

На задните странични стакла, исто така, се залепени и куки, а од совозачката страна, од надворешната страна на возилото е прикачена кеса за ѓубре (?!) – со нејзината содржина.

Но, полицијата не само што не е многу воодушевена од приложените додатоци, туку ја наведе и опасната конструкција на метални цевки и прачки на покривот на автомобилот.

Полицијата била изненадена што возачот извесно време го користел овој автомобил, односно дека често бил на пат.

По интервенцијата на полицијата, ова чудно модифициран возило е исклучено од сообраќај, а пред да се врати во употреба на јавните патишта, сопственикот ќе биде принуден да ги отстрани сите додатоци и да помине технички преглед…





НАЈНОВИ