ItalDesign Aztec се продава на аукција

Сите тие концепти беа дизајнирани да ја прослават 20-годишнината на компанијата. Од нив Aztec привлече големо внимание со својот кокпит во кој е поделен просторот за возачот и сопатникот. Патниот компјутер е на совозачката страна, а внатрешноста е полна со разни копчиња и прекинувачи.

Што се однесува до надворешноста, страничните панели содржат „сервисни панели“, кои се активираат со трицифрени шифри, по што се добива пристап до отворот за одвод на масло, алатите и хидрауличниот приклучок.

Концептот не беше статичен, бидејќи го придвижуваше бензински мотор со пет цилиндри на Audi, чија сила се пренесуваше на сите четири тркала преку пет (5) степен менувач. Погонот на четири тркала е преземен од Lancia Delta.

Во тоа време, јапонскиот индустријалец Марио Микава (Mario Mykawa) го виде концептот и толку многу му се допадна што реши да го произведе. Неговата компанија одлучи да произведе 50 примероци за јапонскиот и европскиот пазар, но беа направени помалку од 25.

Автомобилот на фотографиите е 12-ти произведен примерок, кој бил во Музејот на автомобили во Шангај помеѓу 2011 и 2015 година. Неодамна беше увезен во САД каде што беше сервисиран, а сега се продава на аукција.

Новиот сопственик се очекува да издвои помеѓу 273.000 и 325.000 американски долари за да го паркира во својата гаража.

 

НАЈНОВИ