Почетна Актуелно Јагуар го пре...

Јагуар го претстави Type 01: Електричен ѕвер со 1.030 КС и домет над 600 km

15

Британскиот производител на луксузни автомобили официјално во Њујорк го откри моделот Type 01 — целосно електричен автомобил кој го означува почетокот на сосема нова ера за брендот и радикален пресврт во дизајнот и технологијата.

По одлуката да се повлече од директниот натпревар со брендови како BMW, Audi и Mercedes, Jaguar со моделот Type 01 го насочи фокусот кон сегментот на ултралуксузни возила, каде што главен ривал ќе му биде Bentley.

Брутална сила и брзо полнење

Type 01 е поставен на новата JEA (Jaguar Electric Architecture) механичка платформа. Погонот го сочинуваат три електромотори кои заедно испорачуваат импресивни 1.030 КС (757 kW) и 1.365 Nm вртежен момент.

  • Батерија: Капацитет од 118 kWh со NMC технологија.

  • Архитектура: 850 V систем кој поддржува DC брзо полнење со моќност до 350 kW.

  • Време на полнење: Од 10% до 80% од капацитетот за само 22 минути.

  • Домет: Се проценува на до 644 km според американскиот EPA стандард.

Дизајн кој ги помера границите

За разлика од претходните концептуални најави, серискиот Type 01 доаѓа во конфигурација со четири врати. Екстериерот го одликува футуристички, минималистички пристап — предниот дел нема класична маска за ладилник, линијата на покривот е исклучително ниска, додека задното стакло воопшто не постои. На негово место е вграден ClearSight Rear View Display системот со камери и внатрешен екран.

Кабина ориентирана кон возачот

Внатрешноста на возилото носи освежувачки пристап во ерата на големите екрани:

  • Дигитална табла: Доминира голем 24-инчен екран пред возачот наменет за параметрите на возењето и navigacijata.

  • Контрола на климата и аудио-системот: Наместо масивен централен екран, командите се сместени на помал, 7-инчен екран на централниот гребен.

  • Звук: За врвно звучно искуство е задолжен аудио-систем со дури 38 звучници.

Цена и достапност

Jaguar ги отвора нарачките на почетокот на следната година, додека првите испораки до купувачите се очекуваат во втората половина од 2026 година. Почетната цена за пазарот во Велика Британија ќе изнесува околу 130.000 фунти, односно околу 130.000 долари во САД.