Kia размислува и за градски електричен автомобил за помалку од 20.000 евра

Во Kia планираат да ја заокружат својата гама на електрични возила, со градски автомобил како почетен (основен) модел, ка исто така се планира и нов врвен (топ) модел како наследник на спортскиот автомобил Stinger…

Корејската марка ги заштитува имињата EV1 до EV9 за низа модели, и иако е потврдено дека EV2 седи, односно се позиционира под новиот EV3, шансите за EV1 досега не беа многу големи.

Сепак, претседателот на Kia, Хо-Сунг Сонг (Ho-sung Song), потврди за британскиот специјализиран магазин Autocar дека електричниот градски автомобил што долгорочно ќе го замени Picanto е „следната цел“, бидејќи Kia се обидува да ги намали трошоците за EV технологијата, односно на производството на алектрични автомобили.

Ваков автомобил би требало да чини под 20.000 евра и не би можел да се појави на пазарот пред крајот на оваа деценија. Дотогаш, Kia работи на намалување на цената на електричните автомобили во чекори од 5.000 евра: EV3 е 35.000 евра во Европа, а во 2026 година , ќе пристигне EV2 (ќе се произведува во Словачка), а би требало да биде нов супер мини модел во понудата на брендот од Јужна Кореја, со стартна цена што треба да биде помала од 30.000 евра.

Со текот на времето, цената на овие модели може да падне бидејќи технологијата на батерии станува поприфатлива, а потоа градскиот електричен автомобил под 20.000 евра станува навистина и повеќе од остварлива опција.

Во контекст на тоа Сонг рекол и дека таргетирањето на сегментот на градски автомобили од 15.000 до 20.000 евра е „многу тешко и многу предизвикувачко“ за секој производител на автомобили, без оглед на погонската група – и дека електричните погонски склопови само го отежнуваат тој потфат.

„Нашата следна цел е EV модел од 30.000 евра“, рече тој. „Тоа е она што ние ќе им го понудиме на клиентите. Сепак, мислиме дека ни треба EV под 25.000 евра, а можеби и таков што би чинел околу 20.000 евра. Но, тоа не може да се случи во следните две години“, заклучил тој на крајот на своето излагање за британскиот магазин.





НАЈНОВИ