Lecar 459 Hybrid

Lecar 459 Hybrid е целосно новата електрифицирана понуда од бразилскиот стартап, нов компактен crossover модел со погонска единица за  зголемување (проширување) на опсегот на возење со едно полнење…

Планирано е да се појави во производство во 2026 година, по цена од (пресметано во конвертибилна валута) 26.900 американски долари.

Lecar, наведен како „најновиот производител на автомобили во Бразил“, планира да претстави „палета на софистицирани и достапни електрифицирани модели наменети за домашната публика“. Првиот е Lecar 459 Hybrid, најавен со овие официјални рендери.

Lecar 459 Hybrid, е автомобил долг 4350 mm, со растојание помеѓу оските од 2700 mm и тежина од 1396 kg.

Засега нема слики од внатрешноста, но се вели дека ќе има распоред со пет седишта и волумен на багажниот простор од 530 литри.

Исто така се најавуваат и пакет на технологија ADAS, заедно со автономно возење на ниво 2.

Погонскиот систем комбинира електричен мотор со моќ од 121 kW/165 КС и максимален вртежен момент од 258 Nm (инаку ова моќ се испорачува до тркалата од задната оска), потоа тука е мотор со внатрешно согорување кој кај овој модел служи како генератор, а као последен елемент на овој склоп е и батеријата со капацитет на моќ од 18,4 kWh.

Во контекст на овие податоци ќе наведеме и дека бензинскиот мотор на внатрешно согорување е со работен волумен од 1.0-литри, во конфигурација со  три цилиндри, надополнет со турбо полнач, што доаѓа од Horse, заедничко вложување помеѓу Renault Group и кинеската Geely.

Овој агрегат испорачува моќност од 90 kW/122 КС и 220 Nm максимален вртежен момент.

Според официјалните проценки, Lecar 459 Hybrid има сосема сочидни, секако не спортски перформанси, па така забрзувањето од 0 до 100 km/h се постигнува за 10,9 секунди.

Неговиот најавен досег е 1000 km со полн резервоар на бензин, додека досегот на EV (односно кога вози само на струја, без емисии на штетни гасови) изнесува 100 km.

Lecar  посочува дека кон крајот на оваа 2024 годината ќе започне со изградба на нова фабрика во Еспирито Санто, Бразил. Објектот треба да биде отворен во август 2026 година, со производствен капацитет од 120.000 автомобили на годишно ниво.

Во моментов не е јасно дали Lecar има намера да го извезе 459 Hybrid на пазари надвор од Бразил.





НАЈНОВИ