Manhart BMW X3 M Competition

Верзијата на баварскиот SUV performance модел -X3 M Competition ја напушти фабриката со 3.0-литарски мотор кој развива моќност од 517 КС и 650 Nm максимален вртежен момент, а Manhart дополнително ја зголеми истата…

Не се сменети „тврдите“ (hardware) делови на моторот, туку софтверско тјунинг ( software), односно мапирање, така што сега испорачува 659 КС и 799 Nm вртежен момент.

Исто така, инсталиран е нов издувен систем од не рѓосувачки челик, Manhart downpipe и HJS катализатори.

Четирите издувни цевки од 100 mm обложени со јаглерод (carbon) се единствените визуелни показатели дека издувниот систем не е фабрички. Секако, тука е и карбонскиот комплет за каросерија (body kit), кој вклучува преден спојлер, странични прагови, крила, спојлер на покривот и дифузер. На примерот прикажан на фотографиите, Менхарт користел сребрена и сина боја за надворешните детали. Исто така, тјунерот има подготвено бандажи од 22 инчи, но клиентите имаат широк спектар на избори.

Кочниците се фабрички, но Manhart нуди свои пакети и во овој случај. Теренецот доби пружини H&R, што го прави поблиску до подлогата за околу 30 mm.

Внатрешноста е значително променета благодарение на јаглеродот, кој се гледа и на воланот и на рачките на менувачот. Како опција се нуди и тапацир (пресвлеки).

 





НАЈНОВИ