Home Автомото McMurtry Spéirling постави нов рекорд во Хокенхајм

McMurtry Spéirling постави нов рекорд во Хокенхајм

0
McMurtry Spéirling постави нов рекорд во Хокенхајм

Електричниот McMurtry Spéirling ја помина германската патека Хокенхајм (Hockenheim) за 1 минута и 24,4 секунди, што е за 14,1 секунди побрзо од претходниот рекорд што го држеше Mercedes-AMG One…

Рекордот беше поставен на 8 јуни со поранешниот F 1 возач Макс Чилтон (Max Chilton ) зад воланот. Тој исто така постави рекорд на фестивалот на брзина во Гудвуд (Goodwood) додека го возеше истиот ултра-брз EV модел.

McMurtry Spéirling е долг само 3450 mm, висок само 1019 mm, тежи 1000 kg и има моќ од 1000 КС.

Возилото има батерија со капацитет од 60 kWh која сопствениците можат да ја наполнат за помалку од 20 минути.

Што се однесува до цената, McMurtry Spéirling чини неверојатни 895.000 британски фунти пред оданочување и испорака.

Ќе бидат изградени само 100 единици, а испораката на клиентите е планирана да започне во 2025 година.