Honda се подготвува да ги претстави новите Passport и Passport Trailsport на американскиот пазар пред крајот на оваа 2024 година…
Ново тизер видео го најавува грубиот дизајн на Passport Trailsport (сè уште под обвивката маскирна одора) и теренските способности, при што компанијата го опишува како нејзиниот „нај – спремен за авантури и нај -способен SUV на Honda досега“.
Засега, Honda откри дека новиот Passport добива „моќен турбо бензински мотор со работен волумен од 3,5-литри, во конфигурација со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V6 “, кој најверојатно ќе има повеќе од 280 КС колку што има сегашниот мотор со шест цилиндри во V поставеност.
За Passport Trailsport е планиран и 10-брзински автоматски менувач, а се споменува и втората генерација на системот за погон на четири тркала I-VTM4.
Исто така, заедно со новиот изглед на надворешноста доаѓа и помодерна кабина со најнови карактеристики и технологија.
Honda ќе ги открие новите Passport и Passport Trailsport наесен пред да бидат пуштени во продажба на почетокот на следната 2025 година.