Toyota претстави „беби Land Cruiser“ – ретро теренец со паметни браници

Toyota официјално го претстави својот нов модел Land Cruiser FJ, попознат меѓу љубителите на автомобили како „беби Land Cruiser“. Овој компактен теренец го задржува легендарниот дизајн и издржливост на големиот Land Cruiser, но во многу попрактично и достапно издание.

Новиот FJ е долг 4.575 милиметри, широк 1.855 и висок 1.960 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2.580 милиметри. Визуелно, Toyota се навраќа на своите класични модели – предната маска доаѓа во два стила: со округли фарови за оние што ја сакаат ретро-естетиката и со правоаголни LED светла за модерна нота.

Една од најинтересните иновации се „паметните браници“ – предниот и задниот браник може лесно да се отстранат и заменат, што значително го олеснува одржувањето и поправките по теренска возење.

Под хаубата се наоѓа 2.7-литарски четирицилиндричен мотор (2TR-FE) со 163 коњски сили и 246 Nm вртежен момент, поврзан со шестстепен автоматски менувач. Погонот на сите тркала може да се вклучува по потреба, што го прави FJ вистински наследник на теренската традиција на Toyota.

Внатрешноста е комбинација од робусност и технологија – голем волан, дигитални инструменти и широк мултимедијален екран, но со класични физички команди за оние кои навистина го користат возилото на тежок терен.

Land Cruiser FJ е изграден на механичка платформа слична на Hilux и Fortuner, дополнително зајакната за подобра цврстина и стабилност. Toyota нагласува дека новиот модел има „off-road способности достојни на името Land Cruiser“.

Со ваков концепт, Toyota очигледно сака да понуди ретро стил со модерна функционалност – идеален за возачи кои сакаат вистински теренец, но не и големи димензии или висока потрошувачка.

Очекувањата се моделот да пристигне на пазарот средината на 2026 година, а доколку цената биде конкурентна, можно е да стане вистински хит и во регионот.

НАЈНОВИ