Најавена нова верзија на Maserati MC20

Maserati потврди дека ќе го претстави новиот „супер спортски автомобил“ на 16 август за време на настанот на неделата на автомобили во Монтереј (Monterey Car Week ) во Америка…

Засега нема многу детали, но се вели дека новитетот е всушност „еволуција на MC20“ и ќе го наследи духот на тркачкиот автомобил GT2. Затоа не изненадуваат отворите на предните браници и сплитерот од карбонски влакна, а тука се и сините клешти на сопирачките.

Исто така, се вели дека автомобилот ќе има „иновативни технолошки решенија“, како и „импресивни аеродинамични перформанси, типични за најбрзите и највозбудливите тркачки автомобили“.

Дополнително, новитетот е најавен како „уникатен автомобил со непогрешлива естетика, дефиниран со широк спектар на опции за прилагодување“.

Како што се очекуваше, автомобилот кој е легален за возење на отворени (јавни) патишта ќе има „детали типични за тркачки автомобил без да се жртвуваат удобноста и карактеристиките на моделите на патиштата“.

Додека чекаме детали, еве потсетуваме дека стандардниот MC20 има бензински агрегат со работен волумен од 3,0-литр, со twin –турбо технологија со конфигурација сочинета од шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќност од 463 kW/630 КС и 730 Nm максимален вртежен момент. Погонската единица доаѓа во комбинација, со осум (8) степен менувач на брзини, со двојна спојка . Сето тоа е гарант за врвните перформанси на супер спортскиот автомобил со трозабецот на богот на морето – Нептун, во своето лого: Забрзување од 0 до  100 km /h за 2,9 секунди, додека пак максималната брзина изнесува  325 km/h.





НАЈНОВИ