Претходно оваа година, специјализираното жири го прогласи новиот Renault Scenic за Европски автомобил на годината (European Car of The Year COTY) 2024, а сега е објавена поширока листа на кандидати за 2025 година.
Сите кандидати мора да бидат нови возила, во продажба сега или пред крајот на годината на пет или повеќе европски пазари. Процесот на гласање има две фази: во првата ќе се направи скратен список од седум номинирани (објавен за 25 ноември), а потоа ќе биде откриен добитникот на овој престижен трофеј.
Активното жири се состои од 59 членови од 22 земји, бидејќи двајца руски членови се уште се суспендирани.
На списокот има 41 кандидат, а тоа се следните автомобили:
Alfa Romeo Junior
Audi Q6 e-tron
BMW X2/iX2
BYD Seal U
Citroën C3/ë-C3
Citroën C3 Aircross
Cupra Tavascan
Cupra Terramar
Dacia Duster
Fiat Grande Panda
Ford Explorer
Ford Tourneo Courier
Hyundai Inster
Hyundai Santa Fe
KGM Torres
Kia EV3
Lexus LBX
Maserati GranTurismo
Maserati Grecale
Mazda CX-80
MG 3
MG Cyberster
Mini Cooper SE
Mini Countryman
Opel Grandland
Opel Frontera
Polestar 3
Polestar 4
Porsche Macan
Renault 5
Renault Symbioz
Renault Rafale
Škoda Superb
Škoda Kodiaq
Smart #3
Suzuki Swift
Toyota Land Cruiser
Volkswagen Passat
Volkswagen Tiguan
Volvo EX90
Xpeng G6