Наскоро Volkswagen ID.Unyx

Електричниот  crossover coupe модел Cupra Tavascan наскоро ќе добие братучед во Кина наречен Volkswagen ID.Unyx…

Заедно со логото на VW, ID.Unyx има модифициран преден браник со помала црна влошка и редизајниран заден браник, како и ажурирани светла.

Новата опашка ја зголеми должината на возилото за 19 mm (на 4663 mm), а беа поставени оригиналните тркала од 21 инчи.

Ширината е 1860 mm, висината е 1610 mm, а меѓуоскиното растојание е 2766 mm.

Сè уште нема официјални слики од внатрешноста, но се очекуваат само мали промени во однос на оригиналот на Cupra.

Основниот ID.Unyx ќе има електричен мотор од 231 КС на задната оска. Поскапите верзии имаат погон на четири тркала со два електромотори и вкупна моќност од 340 КС.

Според прелиминарните податоци, новиот ID.Unyx е опремен со батерија со капацитет од 82,4 kWh, а во зависност од верзијата, автономијата според CLTC стандардите ќе биде од 565 до 621 km.

Наскоро ќе се одржи и официјална промоција, па следуваат повеќе детали.





НАЈНОВИ