Наследникот на Lamborghini Huracana најавен за 16 август

Се вели дека наследникот на Huracan ќе означи значајна еволуција во линијата на суперавтомобили на Lamborghini…

Неговото име се претпоставува дека е Temerario („бестрашен“), што е името што медиумите го открија претходно оваа година во документите за Европската канцеларија за интелектуална сопственост (EUIPO).

Шефот за продажба и маркетинг Федерико Фоскини (Federico Foschini) претходно најави дека замената за Huracan ќе биде премиерно претставена во август, а сега е прецизи(рано дека на 16 август е настанот на Неделата на автомобили во Монтереј (Monterey Car Week) во Америка.

Бидејќи не се планира механички поврзан Audi R8, според претходните информации, Lamborghini има слобода да развие замена за Huracan како независен производ, без никакви компромиси.

Наследникот на Huracan ќе го загуби атмосферскиот мотор со 10 цилиндри поставени во форма на латинската буква ,V во корист на помал plug-in хибриден погонски систем, базиран на нов 4.0-литарски twin турбо бензиски мотор со осум цилиндри исто така поставени во форма на латинската буква V со моќност од 800 КС и 730 Nm максимален вртежен момент.

Хибридниот дел од погонот ќе се состои од три мотори и батерии чиј капацитет и хемија не се објавени.

Еден од електричните мотори е сместен помеѓу V8 моторот и осумстепениот менувач со двојна спојка и сам произведува дополнителни 110 kW/150 КС и 300 Nm максимален вртежен момент. Lamborghini допрва треба да потврди други детали.

Фоскини тврди дека PHEV V8 е објективно подобар од V8 на внатрешно согорување : „Самиот пакет е многу подобар од обичен автомобил со мотор на внатрешно согорување. Постојат карактеристики што не можете да ги добиете без електричен мотор [како активно векторирање на вртежниот момент]; ви дава можност уште повеќе да го искористите потенцијалот на моторот“.

Електрификацијата е неопходна затоа што дури и Lamborghini мора да ги исполнува сè построгите регулативи за емисии.

Новитетот најверојатно ќе биде малку поголем автомобил од Huracan за да се смести дополнителниот хардвер што го бара поставувањето PHEV.





НАЈНОВИ