Nissan Ariya Nismo: европски спецификации

Како што беше најавено на почетокот на оваа 2024 година, Nismo – брендот на Nissan синоним за спортскиот стил, се враќа во Европа…

Клиентите наскоро ќе можат да го купат стилскиот и спортски Ariya Nismo, првиот целосно електричен модел на Nismo достапен на европскиот пазар.

Ariya Nismo го комбинира наследството на брендот Nismo и типичниот јапонски дизајн за да создаде динамичен, агилен автомобил со смела личност и возбудливи перформанси, повисоки од веќе одличните перформанси на моделот Ariya e-4ORCE 87KWh.

Ariya Nismo е опремен со низа технички и естетски надворешни детали кои ја подобруваат аеродинамиката и флуидноста на возењето, ја зголемуваат надолната сила и стабилноста при големи брзини и предизвикуваат емоции на патеката.

Мајра Гонзалес (Mayra Gonzalez), одделенски потпретседател за маркетинг и продажба, Nissan Europ, вели: „Nismo се враќа во Европа со нова и подобрена верзија на Ariya. Како што се движиме кон електрификација на гамата на Nissan, од суштинско значење е да продолжиме да нудиме производи кои ги воодушевуваат нашите клиенти. Ariya Nismo постигнува совршена рамнотежа помеѓу моменталното, непречено забрзување на електричен автомобил и ставот на спортски автомобил, што резултира со исклучително возило за секојдневно возење “.

Ariya Nismo има голем број важни технички подобрувања развиени со поддршка на Nismo и инженерски квалитет. Резултатот е автомобил со силно забрзување, но мазен дури и при големи брзини и лесен за контрола во секоја ситуација благодарение на оптимизираниот VDC (Vehicle Dynamic Control) систем и пневматиците со висок стисок. Системот Nissan e-4ORCE 4WD е дополнително подобрен за да се обезбеди поефикасна дистрибуција на силата и вртежниот момент на четирите тркала и да се максимизираат перформансите.

Ariya Nismo комбинира леснотија на управување со висока стабилност при свиоци типична за спортските автомобили. Прецизноста на возењето дополнително се подобрува со специфичното прилагодување на системот за сопирање, кое гарантира пократко растојание за сопирање при сите временски услови, како и со изменета суспензија.

Има и 20-инчни алуминиумски тркала со гуми Michelin Pilot Sport EV 255/45 R20.

Внатрешноста е исто така дизајнирана да понуди супериорно и ексклузивно искуство, со црн тапацир украсен со црвени акценти и специјални Nismo седишта, кои потсетуваат на автомобилите од Формула Е и гарантираат максимална удобност.

Ariya Nismo има моќност од 320 kW/435 КС и 600 Nm максимален вртежен момент. Тоа е доволно за одличо забрзувањето од 0 до 100 km/h што изнесува само 5 секунди.

Ariya NISMO coming to Europe

Во однос на димензиите, автомобилот е долг 4655 mm, широк 1850 mm (со ретровизори 2172 mm), висок 1660 mm и меѓуоскино растојание од 2775 mm.

Продажбата во Европа официјално треба да започне во јануари наеедната 2025 година.





НАЈНОВИ