Нов MINI Cooper 5-Door

MINI ја освежи својата гама со новиот Cooper 5-Door (под кодното име F65), кој се придржува до испробаната формула…

Поконкретно, новиот MINI со 5 врати продолжува да служи како попрактична алтернатива на Cooper со 3 врати.

Со должина од 4036 mm, широк 1744 mm и висок 1464 mm, тој е малку поголем од стариот F55 што го заменува. Во исто време, тој е подолг за 172 mm од најновиот Cooper со 3 врати. За да се зголеми просторот за нозете за патниците одзади, меѓуоскиното растојание има зголемување од 72 mm од таа должина.

Слично на каросеријата со пар врати помалку, MINI Coope 5-Door прифаќа еволутивен стил. Овој дизајнерски јазик на „харизматична едноставност “, односно има пристап „помалку е повеќе “, без никакви непотребни детали.

Клиентите можат да изберат од различни дизајни на тркала во големини кои се движат од 16 до 18 инчи.

Има 11 бои на каросеријата за избор, плус три за покривот (црна, бела или градиентна боја ако се одлучите за покривот Multitone).

Минималистичката тема е уште позабележителна внатре каде што контролната табла е поедноставена. Достапен е и опционален head-up дисплеј, кој им обезбедува на возачите релевантни информации во нивното видно поле. Речиси до сите функции се пристапува преку кружниот OLED, екран на допир со висока резолуција со дијагонала од 9,4 инчи.

MINI ќе го продава новиот Cooper со 5 врати во четири нивоа на опременост: Essential, Classic, Favored и пакетот JCW. Вториот има спортски дизајнерски акценти, но нема механички надградби, така што не е вистински модел на John Cooper Works.

Во однос на практичноста, во задниот дел има место за три лица. Со преклопување на поделената клупа во однос 60:40, волуменот на багажникот се зголемува од 275 литри на 925 литри.

Една од опциите е панорамски стаклен покрив. Како и другите неодамнешни модели на MINI, во понудата нема вистинска кожа. Наместо тоа, седиштата може да се обложат со Vescine, еден вид синтетичка кожа направена од рециклирани материјали. F65 користи еколошки материјали во својата внатрешност, вклучувајќи и повеќебојна ткаенина.

Опсегот на мотори е едноставен бидејќи нема дизелски, plug-in хибридни или електрични погонски единици. Дополнително, F65 доаѓа исклучиво со седум (7) – степен автоматски менувач на брзини, со двојна спојка.

Cooper C доаѓа со 1,5-литарски трицилиндричен турбо бензински мотор со моќност од 156 КС и 230 Nm максимален вртежен момент, каде што забрзувањето од 0, до 100 km/h трае 8 секунди, додека максималната брзина е 225 km/h.

Cooper S го придвижува агреат со работен волумен од 2,0-литри, со четири цилиндри, задвижуван од бензинско гориво, со моќност од 204 КС и 300 Nm максимален вртежен момент, па автомобилот од 0, до 100 km/h забрзува за 6,8 секунди и може да достигне максимални 242 km/h.

 





НАЈНОВИ