Нов Volkswagen Passat седан (за Кина)

За разлика од Европа, каде што е достапен само како караван, новиот Volkswagen Passat наскоро ќе биде достапен и како класичен седан со четири врати, на пазарот во Кина..

Таквата – лимузина изведба на автомобилот сега е официјално претставен на автосалонот во Ченгду во Кина, а за тамошниот пазар го доби името Passat Pro.

Новиот Passat Pro е само малку подолг од пет метри (тој е долг 5006 mm), широк е 1850 mm, висок 1489 mm, додека пак растојание помеѓу оските изнесува 2871 mm.

Внатрешноста е опремена со дигитална инструмент табла и нов мултимедијален систем, поголем одошто беше кај неговиот претходник.

Новиот Passat Pro (барем на почетокот) ќе има на располагање погонски единици со работен волумен од 1,5 и 2,0-литри на бензински турбо мотори, во форма со четири цилиндри и со моќ од 160 КС и од 220 КС соодветно.

Во однос на трансмисијата на силата и двата агрегата доаѓаат во комбинација со седум (7) степен автоматски менувач на брзини, со двојна спојка.

Подоцна, некаде во текот на наредната 2025 година се очекува и хибридна верзија.

Во овој контекст е и податокот дека новата лимузина – Passat Pro ќе се најде во продажба во текот на наредниот месец септември (односно веќе за неколку дена), но цените од страна на производителот се уште не се објавени.

Кога веќе говориме за производителот во оваа куса вест ќе спомнеме и тоа дека, како што беше и досега, новиот модел ќе се произведува во Кина од заедничкото вложување на Volkswagen и кинескиот партнер SAIC – Шангај ( SAIC-Shanghai).

За жал ќе кажеме уште еднаш дека мали се, или подобро речено никакви, шансите оваа лимузина да се појави и на пазарите на Стариот континент. Но ние би додале дека постои и една поговорка која гласи: „Никогаш не вели никогаш“, а истата би можела да (односно би сакале) да се оствари и во овој случај.





НАЈНОВИ