Новиот Bentley Flying Spur најавен за 10-ти септември

Откако ја претстави четвртата генерација на Continental GT и GTC во јуни оваа 2024 година, Bentley сега го најавува пристигнувањето на новиот Flying Spur за една недела, поточно на 10 септември…

Новитетот, заедно со подобрен дизајн, добива и нов plug-in хибриден V8 погонски склоп.

Како што се вели во најавата за новата генерација на моделот, тоа ќе биде најмоќниот, динамичен и најефикасниот модел со четири врати во 105-годишната историја на марката.

Плагин-хибридниот погон има комбинирана моќност од 583 kW/782 КС и 1.000 Nm maksimalen вртежен момент, надминувајќи ги бројките на не електрифицираните V8 и W12 мотори кои повеќе не се произведуваат.

Поставувањето се состои од бензински мотор содвојна турбина (Twin turbo технологија) во конфигурација со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќ од 441 kW/600 КС и електричен мотор кој придонесува моќ од уште 140 kW/190 КС.

Вкупниот домет е повеќе од 800 km, додека опсегот на EV ( односно возење само на струја) е 72 km според циклусот WLTP.

Новиот Flying Spur ќе користи систем за погон на сите тркала со векторирање на вртежниот момент, а има и воздушна суспензија со адаптивни амортизери.

Инженерите на Bentley ја подобрија и звучната изолација, додадоа понапреден информативно забавен систем компатибилен со безжично поврзување и надградби преку воздух.

Дополнително, автомобилот ќе нуди високо квалитетни материјали во различни бои и завршетоци.

За дополнителна ексклузивност и персонализација потенцијалните сопственици,  исто така, ќе можат да добијат пристап до пософистицирани опции за персонализација од одделот Mulliner..

Се разбира нивните барања и жечби ќе бидат дополнително наплатени, според стандардите за ексклузивност, па кој сака и може треба само да изрази желба и да има „дебело“ банкарско конто.

 





НАЈНОВИ