Новите автомобили се во просек 400 килограми потешки од пред седум години

Просечната тежина на нов автомобил е зголемена за речиси 400 килограми во последните седум години!…

Анализата на податоците од тестовите на Autocar покажува дека помеѓу 2016 и 2023 година (приближно еден циклус од една генерација), просечната тежина на новите автомобили се зголемила од 1553 kg на 1947 kg.

Зголемувањето може во голема мера да се припише на зголемената популарност на SUV/crossover моделите. Од сите автомобили Autocar тестирани во 2016 година, 16 беа SUV или crossover модели. Истите имаа просечна тежина од 1722 килограми, 169 килограми повеќе од просекот на сите тестирани автомобили таа година.

Многу SUV/crossover модели тогаш беа потешки од седаните или хечбек изведфбите. Škoda Kodiaq, на пример, тежеше 1751 kg, 246 kg повеќе од Škoda Superb тестирана една година претходно.

Слично на тоа, Jaguar F-Pace беше 180 kg потежок од XF со истиот 2,0 литарски дизел мотор, според светските информативни агенции.

Во 2023 година беа тестирани вкупно 24 SUV/crossover модели и пик-ап возила, кои ја подигна стрелката на вагата со просечна тежина од 1.985 килограми. Ова е разлика од 38 килограми во однос на вкупниот просек, но и значително помала од разликата од 169 килограми во 2016 година.

SUV/crossover моделите во просек имале 1906 килограми, што е под просекот за сите модели тестирани во 2023 година – што сугерира дека иако зголемениот пазарен удел на SUV/crossover модели е делумно одговорен за целокупното зголемување на тежината, тоа не е единствената причина.

Електрификацијата исто така одигра улога во тежината на новите автомобили. Електричните модели тестирани од Autocar минатата година имаа просечна тежина од 1.991 kg, додека автомобилите со мотор со внатрешно согорување беа полесни за речиси 100 kg (1.897 kg).

Со исклучок на хибридите и plug-in хибридите, кои го носат товарот на електричните мотори и батериите, оваа бројка се намалува на 1.841 kg, или 150 kg помалку од просечното EV.

Просечната тежина на тестираните автомобили во текот на првиот квартал од 2024 година – од кои повеќето беа електрични, SUV или и двете – беше 2087 кг.

Најтешкиот од нив беше електричниот SUV Mercedes-Benz EQS, со некогаш незамисливи 2899 килограми.

Се разбира, електрификацијата и популарноста на теренците не се единствените виновници за постојаното зголемување на тежината.

Уништувањето на класата на мали и градски автомобили исто така игра улога во зголемувањето на просечната тежина, со сè помалку модели до 1000 килограми.

Во 2003 година, Autocar тестираше шест автомобили со тежина помала од 1.000 килограми и други шест кои беа меѓу 1.000 кг и 1.100 кг.

Во 2023 година беше тестиран само еден „автомобил“ под 1000 kg – Citroën Ami.

Најлесниот автомобил тестиран минатата година беше спортското купе Alpine A110 R, со 1.065 килограми, по што следи Hyundai Kona, бензински crossover модели, со маса од 1.352 kg.





НАЈНОВИ