По претставувањето на новата Seried 1, BMW се подготвува да ја промовира новата генерација на Серија 2 Gran Coupe…
Сепак, оваа иновација можеме да ја видиме веќе сега благодарение на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија.
Поточно, на овие први слики се гледа новото „двојно“ Gran Coupe во варијантата со долго меѓуоскино растојание, кое е наменето само за кинескиот пазар.
Станува збор за BMW 2 Series Gran Coupe L, каде што наставката L означува продолжено меѓуоскино растојание, за повеќе простор за патниците одзади.
Gran Coupe L има меѓуоскино растојание од 2780 mm, додека должината на возилото е 4663 mm.
Подолгата верзија, исто така, се издвојува со суптилно редизајнирани задни врати, додека новиот преден дизајн е позајмен од механички поврзаната BMW Series 1 Задниот дел доаѓа со поагресивни LED светла инспирирани од моделот X2.
Новото Gran Coupe се базира на подобрена верзија на UKL платформата на BMW Group, која се користи и за серијата 1, X1 и X2.
Во Кина овој компактен модел ќе биде достапен со три бензински мотори.
Станува збор за 1,5 литри со 128 kW/174 КС во верзијата 220L, потоа 2,0 литри со 167 kW/227 КС во верзијата 225L и 2,0 литри со 246 kW/335 КС во варијантата M235L.
Европската понуда најверојатно ќе понуди различни погонски единици со посилен акцент на електрификацијата. M235 xDrive се очекува да добие 2.0-литарски турбо мотор со 233 kW/317 КС.
BMW 2 Series Gran Coupe L ќе се произведува во Кина преку заедничкото вложување BMW Brilliance.
Премиерата се очекува кон крајот на оваа година, заедно со стандардната серија 2 Gran Coupe, која ќе се произведува во Лајпциг, Германија.