Volkswagen Golf GTI на сликите помина низ длабоки промени за да стане отпорен на куршуми…
Развиено од SVI Engineering во Јужна Африка, ова возило има оклопно челично обложување од 3,5 mm и лесно балистичко стакло. Само стаклото од возачката страна може да се отвори до половина, додека другите се фиксирани.
Иако пакетот е прикажан овде на Golf GTI, компанијата вели дека е компатибилен и со Golf R со погон на четири тркала.
Помеѓу другото, оклоп се користи за вратите, столбовите и покривот, а дополнителна заштита има и за важните компоненти на моторот.
Автомобилот на тој начин добива околу 340 килограми тежина, па забрзувањето е послабо во однос на серискиот модел.
SVI Engineering исто така ја измени суспензијата за да се справи со зголемената тежина.
Овој Golf GTI сега може да издржи напади од пиштоли и пушки со калибар до 7,62x39mm благодарение на оклопот B4+.
Вообичаено, на специјализирана компанија и се потребни три месеци за да конвертира GTI или R, а пакетот чини речиси 35.000 американски долари, се разбира без данок давачките за истиот.