Откриено мистериозното Cadillac Expressive coupe

Пред шест години се зборуваше за мистериозното coupe на Cadillac кое беше откриено благодарение на дизајнерскиот патент, но компанијата тогаш не објави никакви информации за него…

Сепак, тоа сега се промени бидејќи неговиот изглед беше откриен преку Инстаграм.

Автомобилот беше претставен како дел од серијата From the Vault на GM Design, позната како студија „Expressive coupe“ и изгледа неверојатно. Како што може да се види, ги меша елементите на концептот Escala со помодерни дизајнерски знаци.

Резултатот е навистина прекрасен и еден од најдобрите автомобили на GM од концептот Buick Avista.

Компанијата не откри многу детали освен дека  ова Coupe е создадено како внатрешно истражување на естетиката на Cadillac“ и дека „го обликувало портфолиото на модели на патиштата денес, вклучувајќи ги CT5 и CT5 V-Blackwing“.

За жал, CT5 не изгледа ни приближно добро како ова експлозивно Coupe, кое добива изразена предна маска  и предница во која се имплементирани тенки фарови, мускулести доводи и широка решетка.

Koн ова се придодава и извајана хауба и светли украси, за дополнителен визуелен ефект.

Долгата хауба „се претопува“ во наведнатото предно ветробранско стакло и на него надоврзаната, накосената линија на покривот, а нагласена е линијата на рамената.

Тркалата се масивни, додека дизајнот на задниот дел е карактеристичен.

Внатрешноста е малку соголена, но седиштата се обложени со кожа и комбинирани со фенси безбедносни појаси.

Има и ротационен контролер на менувачот за брзините, а, покрај тоа  дизајнерите се одлучија за метални капаци за звучниците, како и за дрвени детали во внатрешноста.

За жал, концептот никогаш не стигна до фазата на производство, а Cadillac целосно се откажа од ова Coupe.





НАЈНОВИ