Peugeot 508 само со PHEV верзии

Ова не се лесни времиња за возила како Peugeot 508…

Од една страна притисокот на електрификацијата, а од друга таканаречената „SUV треска“ нанесоа голема штета на пазарниот удел што го имаше овој тип возила. во блиското минато.

Во Peugeot се свесни дека ќе биде тешко да се зголемат бројките за продажба на моделот 508 .Доказ за тоа се најновите и многу важни промени кои францускиот производител ги направи на својата позната лимузина од сегментот D.

Peugeot го намали опсегот на моделите 508 на минимум. Атрактивната лимузина со навестување на купе (достапна и како караван SW) останува без верзии кои имаат само мотор со внатрешно согорување, бидејќи Peugeot ги фрла сите карти на електрификација. Покрај тоа, 508 ги губи нивоата на опрема што одиграа многу важна улога во неговиот комерцијален живот, пренесуваат информативните агенции.

Ова големо „приспособување“ ги поттикнува гласините кои веќе повикуваат на рано збогување со 508 како што го знаеме. Постојат извештаи кои укажуваат на идната трансформација на Peugeot 508 во чист електричен автомобил.

Моделот кој беше редизајниран на почетокот на минатата година сега се соочува со „чистка“ под хаубата. Peugeot одлучи да ги отстрани од гамата верзиите кои имаат само мотори со внатрешно согорување, па 508 веќе не е достапен со бензински или дизел мотори на одредени пазари во ЕУ.

Францускиот купе седан останува само на plug-in хибридна технологија, а на клиентите им е даден избор од три склопови PHEV. Сите три се опремени со осум-брзински автоматски менувач e-EAT8 и еколошка значка „0 Emissions“ со предностите на мобилноста што ги подразбира.

Почетната верзија со ознаката PHEV произведува 180 КС и, благодарение на литиум-јонската батерија од 11,8 kWh, може да помине до 62 километри во целосно електричен режим. Средната опција испорачува 225 КС. И двата мотори имаат конфигурација на погон на предните тркала.

За возачите кои бараат подоминантни перформанси, достапна е варијантата PSE (Peugeot Sport Engineering), која благодарение на комбинацијата од 1,6-литарски турбо бензинец со моќ од 200 КС и дополнителен електромотор развива 360 КС и има погон на сите тркала. Овој модел, со батерија од 11,8 kWh, истовремено овозможува чисто електричен досег од 46 километри.

 





НАЈНОВИ