Полициска патрола во Америка запрела летечка чинија!

Во име на вистината, не е баш вистинска летечка чинија бидејќи, колку што е познато, нема способност да лета…

Значи, ова е сепак чинија што се тркала, од летање, посебно во вселената нема ниту збор. Во основа, во американската држава Мисури, полицаец запре UFO -Unknow Flaing Object (НЛО- Неидентификуван Летачки Објект) како на четири тркала се движи по автопат.

Секако, со голема сигурност, полицијата можеше да заклучи дека ова превозно средство не го управувале гости од длабока вселена, туку некаков наш чувствител, пренесуваат светските специјализирани портали, како еден вид на занимливост.

Дестинацијата на возачот беше јасна и логична: тој беше на пат за Розвел, Ново Мексико, за да учествува на тамошниот фестивал на UFO (НЛО).

По направени неколку слики со полиција и предупредување да не се забрзува до worp (брзина на искривување ), чинијата беше пуштена да продолжи по патот на четири тркала.

Како што е забележано во коментарите на Facebook, мобилното НЛО било конструирано пред многу години од човек по име Стив Андерсон (Stewe Anderaon). Сега таа го „ смени“ својот сопственик, но идејата е иста…





НАЈНОВИ