Porsche Panamera постави нов рекорд на Нирбургринг

Porsche Panamera постави нов рекорд на Нирбургринг со претпродукциската верзија со V8 хибриден погонски систем постигна време од 7 минути и 24,17 секунди, што го прави овој автомобил најбрзиот автомобил во „еxsecutive“ сегмент на Нирбургринг, велат од организацијата…

Porsche не откри никакви спецификации за погонот, но компанијата соопшти дека автомобилот ја користел револуционерната суспензија Active Ride, која првпат беше претставена на Panamera на почетокот на оваа 2024 година.

Рекордерската Panamera – што нај веројатно ќе се вика Turbo S E-Hybrid – користеше опционални 21-инчни гуми Michelin Pilot Sport Cup 2.

Автомобилот беше опремен и со нов опционален аеродинамичен комплет (аero body kit) од јаглеродни влакна. Porsche тврди дека комплетот го намалува подигнувањето од предниот дел и создава надолна сила, иако не е прецизирано колку.

Времето од 7:24 ја прави оваа хибридна Panamera пет секунди побрза од претходната генерација на Panamera Turbo S.

Исто така е повеќе од три секунди побрз од претходниот рекордер, Mercedes-AMG GT63 S со четири врати.

Оваа Panamera сè уште не е најбрзата лимузина на Нирбургринг бидејќи таа круна ја држи друго Porsche, целосно електричниот Taycan Turbo GT.

Porsche наведува и дека наскоро ќе биде објавена снимка од кругот.





НАЈНОВИ