Продажбата на BMW стагнираше во првата половина од годината, но сепак е поголема од Audi и Mercedes

Германскиот производител на автомобили BMW ги објави резултатите за првата половина на 2024 година, со вкупна продажба од 1,2 милиони возила…

Севкупно, обемот на продажба беше за 0,1 отсто помал од пред една година. Основната марка BMW имаше малку подобри резултати со продадени 1,1 милиони автомобили и раст од 2,3%. Од друга страна, Mini и Rolls-Royce ги завршија првите шест месеци од 2024 година со пад од 18,7% на 114.000 автомобили и 11.4% на 2.819 автомобили, соодветно.

Резултатите беа малку подобри за чисто електрични автомобили. Продажбата во целата групација се зголеми за речиси една четвртина на повеќе од 190.000 единици, а за повеќе од една третина во клучниот бренд BMW.

BMW M продаде речиси 100.000 возила во првите шест месеци од 2024 година, или 5,1 отсто повеќе отколку во истиот период во минатата 2023 година.

Screenshot

Гледајќи во различни региони во светот, најновите бројки не произведоа некои поголеми аномалии. Продажбата благо падна во Германија и Азија, вклучително и Кина, додека Европа и САД забележаа мал раст.

Бизнисот на групацијата сè уште може да се оцени позитивно „во предизвикувачко пазарно опкружување“, според главниот директор за продажба Јохен Голер (Jochen Goller).

„Во првите шест месеци од оваа година успеавме да постигнеме двоцифрен раст со целосно електрични возила и модели од повисоката премиум сегмента“, рече Голер.

За споредба, Audi продаде 833.000 свои автомобили ширум светот во првата половина на 2024 година (пад од 8 проценти), а Mercedes 960.000 возила (исто така пад од 8 проценти).

 





НАЈНОВИ