Редизајнираните Cupra Formentor и Leon во производство

Cupra објави дека редизајнираното дуо Formentor и Leon започнало да излегува од производствената линија во фабриката Марторел (Martorell)….

Испораките се закажани за третиот квартал од оваа 2024 година. Од петте актуелни модели (на гамата се приклучи и Tavascan) со значката Cupra, Formentor и Leon бележат најголема продажба на европскиот пазар и затоа лансирањето на неодамна освежените модели е многу важен момент за младиот шпански бренд.

До денес, Cupra има произведено повеќе од 347.000 единици од Formentor и повеќе од 600.000 единици од Leon. Ова дуо е и водечка во продажбата на Cupra и оваа година, бидејќи за пет месеци беа испорачани речиси 42.000 примероци од Formentor и нешто повеќе од 25.000 примероци од Leon.

Фабриката Martorell, родното место на Formentor, Leon и голем број други модели на Seat, е основана во 1993 година. Има површина од 2,8 милиони квадратни метри и во овој период произведе повеќе од 12 милиони автомобили.

Фабриката лани прослави три децении работа. Исто така, ланското производство се зголемило за 21 отсто, а од производните линии излегле 443.443 возила.





НАЈНОВИ