Home Технологија Renault најави дека ќе развие нови батерии од типот LFP за своите идни EV

Renault најави дека ќе развие нови батерии од типот LFP за своите идни EV

0
Renault најави дека ќе развие нови батерии од типот LFP за своите идни EV

Новите батерии ќе се развиваат во соработка со компаниите LG Energy Solution и CATL…

Батериите LFP (литиум-железо-фосфатни) ќе се појавуваат во идните електрични модели на Renault.

Францускиот производител на автомобили, неодамна, најави дека ќе развива вакви батерии во партнерство со уште две компании специјализирани во оваа област: CATL и LG Energy Solution.

Развојот на батериите ќе го врши Ampere, новиот оддел за електрични автомобили на Groupe Renault.

Во исто време, Renault ќе развие и технологија Cell-to-Pack, која ќе овозможи поголема автономија на автомобилите опремени со пакет на LFP батерии.

Оваа технологија помага да се вклопат повеќе ќелии во батеријата, како и да се намалат трошоците за производство на батериите.

Преку ова партнерство, Renault има за цел да ги намали трошоците за развој на батерии за околу 20 проценти, почнувајќи веќе од 2026 година.

Новите LFP батерии ќе се произведуваат во фабриката на CATL во Унгарија, додека LFP ќелиите, како и оние од типот NMC (никел-манган-кобалт) ќе ги произведува LG Energy Solution во своите погони Полска.

Батериите ќе се склопуваат во Франција, во фабриката Ampere ElectriCity во градот Дуи. На тој начин нивното производство има обезбедено „европски пасош“ со што автоматски се ослободени од давачките што Европската Унија ги воведува за автомобилите и батериите на производителите од Кина.