Renault подготвува ретро-футуристички концепт автомобил

Renault наскоро ќе претстави нов концепт автомобил инспириран од заборавен модел од 1970-тите години…

Во серијата објави објавени на X, прикажан е „show car “ (изложбено возило), кој ќе биде претставен утре, на 4 септември, според Autocar. Една од снимките покажува преден дел во форма на коцка, со четири фарови и широка решетка на маската, што ги натера француските медиуми да сугерираат дека тоа е реинтерпретација на Renault 17.

Автомобилот е развиен во соработка со француската дизајнерка Ора Ито (Ora Ito), која претходно има работено со Citroen, Nike и Heineken, меѓу другите.

Концептот се очекува да го има своето јавно деби на Саемот за автомобили во Париз следниот месец.

Renault се потпира на своето наследство за да ги разликува своите идни ЕV модели од своите ривали, почнувајќи од 5-ката, супермини. По ова ќе следи заживување на легендарната „четворка “, како и на моделот Тwingo.





НАЈНОВИ