Rimac подготвува хипер автомобил со едно седиште

Rimac планира да изгради хипер автомобил само за патека со единствена, централизирана позиција на седење…

Мате Римац, извршниот директор  на компанијата Bugatti – Rimac, го потврди ова за специлизираниот портал Motor1.

„Сега решивме не само да ги поместиме границите во друмските автомобили, туку и во трките на патеката“, рече Римац.

„Значи, градиме автомобил на патека, едносед што ќе биде побрз од кој било тркачки автомобил на повеќето патеки. Побрз од Formulа 1, побрз од Ле Ман (Le Mans)“.

Во тој контекст Мате Римац понатаму рече дека автомобилот ќе има затворен кокпит и нема да биде базиран на Nevera, туку на сопствена, специјална платформа.

„Веројатно ќе ви го покажеме оваа година и ќе ги направиме првите настани на патеката следната година“, изјави Римац за Motor1.

Извршниот директор потврди дека спортската креација со едно седиште и погон на електрична енергија ќе биде возило само за патека и нема да оди по отворените – јавни патишта.

И дека тоа нема да биде во согласност со ниту еден постоечки сет на правила.

„Безбедност да, но се останато? Нема правила“, вели Римац. „[Ќе ги надмине] правилата на Formulaа 1 или LМP..

 





НАЈНОВИ