Се продава Schuppan 962CR

Schuppan 962CR од 1992 година e даден на аукција, иако во веста не беше прецизирана цената за која овој супер автомобил би можел да го промени сопственикот….

Кога е нов, овој супер автомобил чинел 1,5 милиони американски долари, што е околу 3,3 милиони долари во денешни пари. Инаку, 962CR е изграден од австралискиот возач на тркачки автомобили Верн Шупан (Vern Schuppan ) за да ја прослави својата победа на Ле Ман (Le Mans) во 1983 година.

Супер автомобилот е патна (за отворени патишта) верзија на Porsche 962, а направен е со подршка на јапонскиот Art Sports Corporation. Во срцето 0 основата на автомобилот е шасија од јаглеродни влакна, додека моторот го придвижува 3,4-литарски twin-turbo мотор со шест цилиндри, дизајниран од Ханс Мезгер (Hans Mezger) и изграден од американскиот тркачки тим Андијал (Andial).

Моторот има повеќе од 600 КС, па така 962CR достигнува максимална брзина од околу 370 km/h. Компанијата сакаше да изгради 50 примероци за да ги исполни барањата за хомологација за да се натпреварува на Ле Ман.

За жал, поради проблеми во јапонската економија во 1992 година, Шупан ја загуби финансиската поддршка од инвеститорите. Производството заврши со два прототипа LM само за патека, еден сериски LM, два CR прототипа и два сериски CR, а ова е еден од нив.

Шупан го продал автомобилот на својот сосед, кој го чувал речиси 30 години. Модифициран е со систем за управување со моторот Motec, преклопен волан, странични стакла од поликарбонат и нови гуми.

Mecum Auctions го продава со своите оригинални документи за регистрација во Обединетото Кралство, писмо за декларација на Porsche Club of Great Britain, продажна брошура и сертификат за автентичност. Автомобилот ја задржува својата оригинална црна боја и доаѓа со неколку резервни делови, вклучително и дополнително возачко седиште.





НАЈНОВИ