BMW предлага електричните возила да добијат своја сопствена лента на автопат

Шефот на производството во германското BMW сака е-автомобилите да ги надминат нивните бензински ривали со тоа што на електричните возила ќе им дадат нивна посебна автопатнка лента…

Милан Недељковиќ, шеф на производството на BMW, исто така, во напис објавен во саботата во весникот Münchner Merkur, сугерира посебен пристап до центрите на градовите и бесплатен паркинг за е-возила за да се зголеми побарувачката.

„Кога електричните автомобили постојано ве поминуваат во толпата, многумина сигурно би размислувале за премин од класично (со термички погон) кон електрично возило“, вели Недељковиќ.

Тој рече дека таквиот повластен третман ќе биде алтернатива на планираната забрана на ЕУ за возила со мотори на внатрешно согорување, додавајќи дека владините стимулации за купување не се разумни на долг рок.

И покрај критиките за Германија како производствена локација, BMW значително го зголемува производството овде, на домано (Германско) тло, рекол Недељковиќ. Манската автоммо.

„Оваа 2024 година ќе произведеме повеќе од милион автомобили во Германија“, изјави Недељковиќ, кој е и член на управниот одбор на BMW.

Минатата 2023 година BMW произведе 936.000 автомобили во своите фабрики во Динголфинг, Минхен, Регенсбург и Лајпциг, додека во Кина направи 729.000 автомобили и 411.000 во САД. Тоа изнесува 2,66 милиони автомобили ширум светот.

Недељковиќ рече дека компанијата инвестирала пет милијарди евра (5,5 милијарди американски долари) во германски погони во последните пет години и е профитабилна.

„Но, јасно е дека конкуренцијата станува се посилна во нашата домашна база. Причините, вели, се бирократијата, скапата енергија и високите трошоци за локација. На индустријата и треба цврста патна мрежа, сигурна железничка услуга и дигитална инфраструктура, додаде тој.

„Меѓутоа, во моментов доживуваме егзодус на индустриски фирми, особено во средниот сектор и меѓу добавувачите. Она што всушност ни треба е токму спротивното“, рече директорот на BMW – „имено неопходно е воспоставување на нови технологии“.

Како и да е германската автомобилска индустрија ја очекуват тешки денови и бројни премереѓија, со кои ќе треба да се справи. Како ќе се одвиваат работите ќе покаже времето.

 





НАЈНОВИ