Се враќа Волга: Geely ќе произведува автомобили во поранешна фабрика на VW и Škoda

Рускиот автомобилски бренд Volga се подготвува за враќање на пазарот, а новите модели ќе се произведуваат со поддршка од кинеската компанија Geely.

Според најавите, производството ќе се одвива во поранешна фабрика каде претходно се склопуваа возила на Volkswagen и Škoda Auto. Со тоа ќе се искористи постојната индустриска инфраструктура, која остана по повлекувањето на западните производители од рускиот пазар.

Планот предвидува новата Волга да понуди неколку модели, меѓу кои седан и кросовери, кои технички ќе се базираат на постоечки платформи на Geely, но ќе бидат брендирани и прилагодени за локалниот пазар.

Очекувањата се продажбата да започне во текот на 2026 година, кога брендот ќе се обиде повторно да заземе место на домашниот пазар со модернизирана понуда и современа технологија. Враќањето на Волга се гледа како дел од пошироките напори за обновување на домашната автомобилска индустрија.

НАЈНОВИ