Тоyotа подготвува моќен дволитарски турбо мотор

Шепотењата по клоарите на експертите и познавачите од Јапонија сугерираат дека 2.0-литарскиот турбо мотор на Toyota, кој моментално е во развој, би можел да испорача до 600 КС без помош на електричен мотор, што значи дека нема да биде хибриден…

Освен врвната варијанта што би можела да се користи во автомобилите на тркачки патеки, патната (цивилна) верзија наменета за јавни сообраќајници, се очекува да достигне моќност до 400 КС и 550 Nm максимален вртежен момент. Наводно се работи и на варијанта придушена моќност, со 300 КС и 400 Nm, максимален вртежен момент, пренесуваат специјализираните портали и ревии.

Така, колегите од Best Car известуваат дека не е јасно кои тркачки или рели автомобили на Toyota Gazoo Racing би можеле да го користат горе наведениот натпреварувачки погонскиот систем со 600 КС.

Но, има сериски возила кои се кандидати за вградување на послабите верзии, од Toyota Corolla до MR2 roadster.

Во тој контекст, дури се споменува и враќањето на моделот Toyota Celica. Па, така, додека некои размислуваат за електрични погони, во Тојота се уште не се откажува од моторите на внатрешно согорување што како погонско гориво го користат бензинот…





НАЈНОВИ