Во кратката вест, Dahler не дава податоци за забрзувањето на засилената верзија.

Тука, затоа даваме мало потсетување дека фабричките примероци во верзијата со рачен менувач од 0, до 100 km/h достигнува за 4,2 секунди, а со автоматската трансмисија за 4,0 секунди.

Пакетот Dahler вклучува и спортски издувен систем од не’рѓосувачки челик (со издувни цевки од 108 mm), спортски пружини (автомобилот е понизок за 28 mm), тркала Dahler од големини од 20 и од 21 инчи, гуми со димензии 275/30 R20 и 285/30 R20, како и 275/25 ZR21 и 295/25 R21 соодветно. На тоа се надоврзува, аеро комплет (aero body kit) од карбонски влакна (преден спојлер, отвори за воздух, заден дифузер, заден спојлер…), како и некои нови детали за внатрешноста (меѓу другите патосници со логото Dahler ).