Минатата година Dahler Competition го засили 3.0-литарскиот со шест цилиндри мотор во BMW M2 на 552 КС и 660 Nm вртежен момент, додека сега пристигна нивниот M2 кој има 621 КС и 750 Nm…
Во кратката вест, Dahler не дава податоци за забрзувањето на засилената верзија.
Тука, затоа даваме мало потсетување дека фабричките примероци во верзијата со рачен менувач од 0, до 100 km/h достигнува за 4,2 секунди, а со автоматската трансмисија за 4,0 секунди.
Пакетот Dahler вклучува и спортски издувен систем од не’рѓосувачки челик (со издувни цевки од 108 mm), спортски пружини (автомобилот е понизок за 28 mm), тркала Dahler од големини од 20 и од 21 инчи, гуми со димензии 275/30 R20 и 285/30 R20, како и 275/25 ZR21 и 295/25 R21 соодветно. На тоа се надоврзува, аеро комплет (aero body kit) од карбонски влакна (преден спојлер, отвори за воздух, заден дифузер, заден спојлер…), како и некои нови детали за внатрешноста (меѓу другите патосници со логото Dahler ).