Volkswagen не исклучува отпуштања и затворање фабрики

Раководството на германскиот производител на автомобили, од Волфсбург,  Volkswagen АG се одлучи за голема програма за штедење до 2026 година во која се имплементирани и многу не популарни мерки…

Во таа програма автомобилскиот гигант од Волфсбург сака да ја укине гаранцијата за вработување на околу 110.000 работници, со цел да се справи со кусокот во касата од пет милијарди евра.

На кризниот самит со врвните менаџери, кој беше свикан во кус рок, бордот на Volkswagen денеска ја информираше јавноста за своите планови за реструктуирање и повеќе не исклучува затворање на фабриките, пренесува весникот Bild.

“Економското опкружување повторно се влоши, нови добавувачи доаѓаат во Европа.

Покрај тоа, Германија особено заостанува во однос на конкурентноста. Ние како компанија сега мораме да дејствуваме доследно во оваа средина”, рече, помешу другото,  извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме (Oliver Blume).

Намалувањето на бројот на работници на Volkswagen преку делумна пензија и отпремнина повеќе не е доволно за да се постигнат посакуваните заштеди, тврдат од раководството.

Компанијата беше принудена да ја прекине безбедноста на работата во Volkswagen, кој претходно ја исклучуваше можноста за принудни отпуштања до 2029 година.

Volkswagen претходно во јули објави дека размислува да ја затвори фабриката на својот луксузен електричен модел Аudi во Брисел поради слабата побарувачка за електрични автомобили од високата класа.

Фабриката во Брисел, која лани произведе околу 50.000 автомобили, веќе подолг период се бори со долготрајните предизвици како што се високите логистички трошоци.

Доколку се остварат најлошите прогнози, Volkswagen ќе биде принуден да затвори една од своите фабрики за прв пат од 1988 година, пренесува агенцијата Танјуг (Tanjug).

 





НАЈНОВИ