Во септември 1994 година, производството на моделот Felicia започна во фабриката на Škoda во Kvasiny во Чешка, а пет години подоцна, повторно на почетокот на септември 1999 година, првите примероци на новиот модел, Fabia, почнаа да се испуштаат од производните линии на производителот на автомобили од Чешка….
Оваа 2024 година, во септември се одбележуваат 25-ти и 30-ти родендени на моделите кои ја одбележаа поновата историја на чешката марка, денес во сопственост на групацијата Volkswagen AG. Јубилејот го одбележуваат Škoda Felicia и Škoda Fаbia.
Škoda Felicia лансирана пред три децении
Во текот на седумте години, колку што се произведуваше моделот Škoda Felicia беше продаден во 1,4 милиони единици. Тоа беше првата Škoda опремена со ABS
и серво волан, со дополнителна опрема од 4(четири) воздушни перничиња, основен патен компјутер и предни седишта прилагодливи во висина.
Една од опциите за внатрешни работи беше кожата како главен материјал.
Иако во голема мера се заснова на својот претходник, Škoda Favorit, моделот Felicia е целосно обновена и модернизирана, со повеќе од 1.100 нови делови, заедно со подобрувања кои опфаќаат дизајн и перформанси, со акцент на квалитетот и сигурноста на изградбата. Исто така, имаше поголем багажник и попространа кабина, посилна шасија и повисоко ниво на удобност.
На сето тоа се надоврува и подобрување во однос на погонската единица, Felicija имаше и помоќни мотори, со моќност од 40 до 55 kW, кои во подоцнежните години ги произведуваше Volkswagen.
Од споменатите 1,4 милиони примероци, околу 900.000 се основн модел, 350.000 се караван (Felicia Combi) и 125.000 се верзија Pickup, која исто така се продавала како Volkswagen Caddy на крајот на минатиот век, според написите во специјализирамите портали.
Втор јубилеј – 25 години од појавивање на Škoda Fabia
Пред четвртина век беше лансирана првата генерација на Fabia, модел кој живее и денес во својата четврта генерација. Тој модел беше создаден на платформата на рупацијата Volkswagen, па иако беше произведен само пет години подоцна oд Felicia, многу се разликуваше од Felicia.
И двата модели се произведуваа до 2001 година, по што Fabia целосно го наследи местото на главниот хечбек во гамата на Škoda.
Fabia, исто така, доби Combi верзија во 2000 година, а првата генерација беше продадена во речиси 1,8 милиони примероци во текот на девет години.
Неговиот карактер не е променет до ден-денес – тој се уште е хечбек долг 4,1 метри, кој привлекува многу купувачи со својата агилност, практичност и просторност на патничката кабина, според Škoda, што ја прави Fabia идеален градски автомобил.
Извор: Škoda