Xiaomi испиша историја: YU7 GT постави рекорд на Нирбургринг – без возач

Кинескиот производител **Xiaomi** повторно го привлече вниманието на автомобилскиот свет. Неговиот електричен SUV **YU7 GT** стана првиот автомобил што поставил официјален рекорд на легендарната патека **Нирбургринг Нордшлајфе** – без возач зад воланот.

Автомобилот ја поминал патеката долга 20,8 километри целосно автономно, поставувајќи време од **10 минути и 29,483 секунди**. Со овој подвиг е воспоставена и нова официјална категорија за автономни возила на Нирбургринг.

Возеше целосно самостојно

За време на рекордниот круг, во возилото немало возач. YU7 GT користел напреден автономен систем кој во реално време ги анализирал условите на патеката, управувал, забрзувал и сопирал без човечка интервенција.

Моќен електричен SUV

Верзијата што го постави рекордот беше опремена со **Track Package**, кој вклучува подобрена суспензија, заштитен кафез и полуслик гуми. Автомобилот располага со два електромотори со комбинирана моќност од околу **1.000 КС**, а максималната брзина достигнува **300 km/h**.

Не е најбрз круг – но е историски

Иако автономниот круг е значително побавен од рекордите поставени од професионални возачи, неговото значење е во тоа што автомобилот самостојно ги совладал сите 73 свиоци на една од најтешките патеки во светот.

Во текот на возењето, YU7 GT достигнал брзина од околу **210 km/h** на најдолгиот правец, притоа носејќи одлуки во реално време без претходно „снимање“ на патеката.

Xiaomi продолжува да ги поместува границите

Со овој успех, Xiaomi уште еднаш покажува дека сериозно влегува во автомобилската индустрија. По рекордите што претходно ги поставија моделите **SU7 Ultra** и YU7 GT со возач, компанијата сега го направи следниот чекор – демонстрирајќи дека автономното возење може успешно да функционира и на една од најпредизвикувачките патеки во светот..

НАЈНОВИ