Pick – up камионетот Cybertruck на Tesla е опкружен со многу контроверзии од своето основање, а неговото тело од нерѓосувачки челик е честа мета на критики…
Токму тоа му дозволило на авторот на YouTube каналот JerryRigEverything да го покрие автомобилот со злато од 60.000 американски долари (околу 55.000 евра).
Ова многу забавно и информативно видео е всушност реклама за еден од спонзорите на каналот.
Автомобилот подоцна ќе биде подарен, но се уште не е јасно кој ќе биде среќниот добитник, пишуваат новинските агенции и пренесуваат специјализираните портали.
По позлата, каросеријата се заштитува со специјална мембрана, а на прозорците се поставува заштита од УВ зрачење, каки и од инфра – црвено зрачење.
Надградбата го чинела овој „фанатик“ вкупно околу 100.000 мерикански долари.
За 13 и пол минути е објаснет процесот на позлата на каросеријата од не рѓосувачки челик, а на самиот крај може да се види како изгледа „златниот“ Cybertruck.
Навистина нешто кое не може да остане не забележано и кое едноставно „Мора“ да ви го привлече вниманието, а тоа секако е и една од главните цели на Youtuber мајсторите!