Porsche наскоро ќе претстави надградена верзија на целосно електричниот Taycan, кога ќе покаже и нова, врвна верзија која се очекува да се вика Turbo GT. ..
Оваа конкретна верзија беше на Нирбургринг и резултатот е толку добар што Porsche реши да ја открие уште пред Iи да биде официјалното претставување на моделот.
Тест-возачот Ларс Керн (Lars Kern) постигна импресивно време од 7:07,55 минути со него, што е подобрување за 26 секунди во однос на претходниот најдобар круг на болидот.
„Дваесет и шест секунди е половина вечност во мотоспортот.
„Времето на кругот на Ларс од 7:07,55 минути е сензационално, ставајќи го Taycan во иста лига со електричните хипер автомобили“, рече Кевин Гиек (Кevin Giek) , шеф на моделската линија.
Не само што е огромно подобрување во однос на постоечкиот Taycan, туку е и далеку подобро од најдоброто време на неговиот најголем конкурент, Tesla’s Model S Plaid.
Најдоброто време на тој американски електричен седан со супериорни перформанси е 7:25,23 минути.
Со овој резултат, Taycan Turbo GT е веднаш зад можеби најимпресивниот електричен хиперавтомобил на пазарот, Rimac Nevera, чие најдобро време забележано на оваа патека е 7:05.298.
Извештаите наведуваат дека Taycan Turbo GT ќе има ревидирана конфигурација на шасијата и нови аеро елементи.
Се очекува и Taycan Turbo GT да добие три електромотори со вкупно 746 kW/1014 КС.
Од Porsche најавуваат дека кон средината на март ќе биде објавено комплетно видео од патеката, што најверојатно ќе се совпадне со официјалното претставување на овој модел.