Mansory BMW Series 7

Mansory подготви аеродинамичен пакет за BMW Series 7 (G70) за кој се вели дека ќе го подобри неговиот спортски и елегантен изглед…

Оваа импозантна лимузина со пакетот Mansory добива дотеран преден браник со спојлер, комплет странични прегради, заден дифузер, спојлер на багажникот и нови облоги на надворешните ретровизори.

Има и црвени акценти кои даваат убав контраст на црната надворешност, како и 22-инчни тркала FD.15.

На барање на клиентот, Mansory нуди бројни внатрешни модификации.

 

Конечно, планот е да се зголеми моќноста, но детали за тоа допрва следуваат.





НАЈНОВИ