Home Актуелно ЕУ: Строгите норми не го намалија нивото на емисија на CO2, исто како и пред 10 години

ЕУ: Строгите норми не го намалија нивото на емисија на CO2, исто како и пред 10 години

0
ЕУ: Строгите норми не го намалија нивото на емисија на CO2, исто како и пред 10 години
Blurred silhouettes of cars surrounded by steam from the exhaust pipes. Traffic jam

Повеќето автомобили на европските патишта произведуваат исто ниво на емисии на CO2 како пред десет години, рекоа ревизорите на Европската унија (ECA), предупредувајќи дека ЕУ е на пат да ја „пропушти целта за 2030 година“…

До крајот на деценијата, ЕУ се обврза да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти во споредба со нивоата од 1990 година.

Неуспехот значително да се намалат емисиите на CO2 е предизвикан од „бавната имплементација на електрични возила низ целиот континент“, додава ECA.

„Постојаните подобрувања во технологијата на моторот и воведувањето на хибридни погонски единици ги направија моторите поефикасни, но зголемената маса на возилото во комбинација со помоќни мотори го негира технолошкиот напредок“, се вели во извештајот.

Просечната маса на автомобили се зголемила за околу десет отсто меѓу 2011 и 2022 година, додека моќноста на моторот се зголемила за 25 отсто, пренесуваат информативните агенции.

Емисиите на нови автомобили почнаа значително да паѓаат дури во 2020 година, наведуваат медиумите.

„Ова главно се должи на значителното зголемување на бројот на електрични возила, додека реалните емисии на CO2 од автомобилите со мотори со внатрешно согорување не се намалени“, се наведува во извештајот од експертите.

Вината за лошиот резултат се припишува и на „дупки“ во нормативите  што ги пропишуваат мерењата односно контролата на емисиите, кои дозволуваат лабораториско тестирање, наместо тестирање во реални услови, односно на пат во сообраќај.

Ова го користеа производителите на автомобили кои направија големи разлики помеѓу „фабричките“ и реалните емисии.