Toyota ја прекинува испораката на некои возила и во Европа

Јапонскиот автомобилски гигант Toyota денеска објави дека ја суспендира испораката на десет модели на возила поради несоодветна сертификација на нивните дизел мотори…

Меѓу тие возила, од кои некои се продаваат во Азија, Европа и на Блискиот Исток, се популарниот пикап Hilux, Land Cruiser 300 4×4, Fortuner и LX500d SUV, пренесува Beta.

Водечкиот светски производител на автомобили беше вмешан во огромен скандал со наместени тестови кој  откриен воа неговата подружница Daihatsu, чие производство на возила, токму поради тоа, е суспендирано од декември минатата 2023 година.

Деновиве од исти извори беше објавено дека за време на тестовите за сертификација, моќноста на три дизел мотори била мерена со софтвер различен од оној што се користи за нивното производство, па вредностите се разликувале.

Автомобилската групација исто така даде ветување дека ќе им даде на јапонските власти „детални објаснувања“ за новиот скандал и брзо ќе преземе „соодветни“ мерки, а нејзините акции утринава поскапеа за 3,14 отсто на берзата во Токио.





НАЈНОВИ